Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поради една заразена жена, цела држава е ставена во карантин

Поради една заразена жена, цела држава е ставена во карантин

Бутан првпат прогласи целосен карантин поради една жена заразена од коронавирусот. 

27-годишна жена е тестирана и била негативна, а потоа е пуштена од изолација откако се вратила од Кувајт, и  потоа била позитивна при повторното тестирање.

Тој неочекуван целосен карантин е прогласен со цел полесно да се утврдат контактите на заразеното лице и да се запре ширењето на вирусот. 

Бутан ги затвори своите граници во март откако американски турист беше тестиран позитивно за Ковид-19 и нареди тринеделен карантин за сите оние кои се враќаат од странство.

Досега 113 луѓе биле заразени во оваа земја. 

Починат од коронавирусот засега немало во Бутан. 

Оваа земја зависи од туризам, а сега е во карантин. 

Во светот сега има скоро 21 милион заразени од коронавирусот. 

Слично

Поврзани вести