Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поради две статии за Украина, Русија ја казни Википедија

Поради две статии за Украина, Русија ја казни Википедија

Русија поради статии за Украина ја казни Википедија со 32.600 долари. 

Рускиот суд денеска го казнил сопственикот на Википедија од фондацијата „Wikimedia Foundation“. Лидерот на Фондацијата во Русија, Станислав Козловски, за новинската агенција „Reuters“ изјавил дека оваа казна е изречена затоа што не избришал неколку записи. Најавил дека ќе се жали на одлуката.

„Сè уште имаме добра правна позиција, така што имаме причина да веруваме дека ќе успееме да ја поништиме и оваа казна и онаа изречена во април“, рекол тој.

За Русија спорни се два текста за Украина. Станува збор за статиите „Ненасилен отпор на цивилното население на Украина во текот на руската инвазија“ и „Оцена на руската инвазија на Украина во 2022-ра година“.

Слично

Поврзани вести