Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОРАДИ ДВА ФАТАЛИ ПАДА И МНОГУ ЖРТВИ: Боинг го суспендира производството на авионите „737 макс“

ПОРАДИ ДВА ФАТАЛИ ПАДА И МНОГУ ЖРТВИ: Боинг го суспендира производството на авионите „737 макс“

Боинг најави дека ќе го суспензира производството на својот најпродаван авион „737 макс“ во јануари по две фатални несреќи на овој вид авиони.

Сите авиони „737 макс“ во моментов се приземјени, а мерката ќе остане на сила и во текот на 2020 година.

Од Боинг, кој произведува „737“ јужно од Сиетл, соопштиле дека нема да има отпуштања меѓу 12.000 работници за време на замрзнување на производството, но мерката може да има импликации за ланецот на снабдување и американската економија.

Ова е најголемата суспензија на работата на лентите за производство на Боинг во последните 20 години.

Одлуката е донесена откако Федералната управа за авијација (ФАА) одби да го одобри враќањето на авионите од овој тип во употреба пред 2020 година.

„737 макс“ е приземјен уште од март, по несреќата на два авиони во Индонезија и Малезија кога настрадаа 346 лица во период од пет месеци. Оваа криза го чинеше Боинг повеќе од 9 милијарди долари досега.

Досега, Боинг произведувал „737 макс“ со темпо од 42 примероци месечно и набавува делови од добавувачи по цена од 52 единици месечно, иако испораките се замрзнати сè додека регулаторите не дозволат авионите да продолжат со комерцијалните летови.


Слично

Поврзани вести