Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОРАДИ БРЕГЗИТ: Телекомуникацискиот гигант заминува од Британија?

ПОРАДИ БРЕГЗИТ: Телекомуникацискиот гигант заминува од Британија?

Телекомуникациската компанија Водафон предупреди дека би можела да го пресели своето седиште надвор од Велика Британија, зависно од исходот на преговорите за напуштање на Европската унија, објавија британските медиуми.

Овој телекомуникациски гигант објави преку соопштение дека е важно да се задржи пристапот на слободно европско „движење на  луѓето, капиталот и услугите“. Прерано е да се „извлекуваат било какви цврсти заклучоци за долгорочната локација на седиштето“, порачале од Водафон и истакнале дека ќе донесат „соодветна одлука“.

Минатата недела, извршниот директор на компанијата Виторио Колао рекол за БиБиСи-во пресрет на референдумот-дека Британија ризикува исклучување од плановите за големиот нов единствен пазар на дигитални услуги ако ја напушти Европската унија.

Утрово, пак во е-маиловите до медиумите Водафон порачал дека членството на ЕУ, вклучувајќи го слободното движење на луѓето, помогнало да се поттикне неговиот раст.

Тој телекомуникациски гигант вработува 13 000 луѓе во Велика Британија. Има оперативен удел во „Newburyu“ во Беркшир, но седиштето на групацијата е во Лондон.

Водафон објави дека 55 посто од добивката на групата во минатата финансиска година дошла од европски бизниси, а само 11 посто од британските. Компанијата исто така ќе почне да известува за своите финансиски резултати во евра, а не во фунти.

Водафон во соопштението истакнал дека единствена правна рамка која ја опфаќа се сите земји членки, како и слободата за движење на капитал и услуги „се составен дел од било кое паневропско работење“.

„Нејасно е во овој момент колку од тие позитивни атрибути ќе останат откако ќе биде завршен процесот на излез на Велика Британија од Европската унија“, се наведува во соопштението.

Така Водафон им се придружи на листата компании, меѓу кои се „Visa“ и „easyJet“ , кои разгледуваат преселување на седиштето од Британија. БиБиСи затоа го поставува прашањето дали следи по одлуката за „Brexit“ и „Brexodus“?

Слично

Поврзани вести