Поради американското оружје Русија сега цели на повеќе територии во Украина
Руските власти велат дека областа на операцијата во Украина се прошири надвор од Донбас поради американското оружје.
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров нагласи дека Киев ги доби американските високомобилни артилериски ракетни системи (ХИМАРС) и друго оружје.
Лавров за „Спутник“ и „Русија денес“ изјави дека областа на операција, била различна за време на првите преговори меѓу Москва и Киев во Турција на крајот на март.
„Далеку од тоа да биде само Доњецк и Луганска народна република (ДНР, ЛНР), сега се и Херсонската област, Запорожје и многу други територии, а тој процес продолжува, постојано и упорно“, изјави Лавров.
Тој нагласи дека полето на воените операции дополнително ќе се прошири доколку Западот продолжи да ја снабдува Украина со оружје со долг дострел, вклучително и ХИМАРС.
Вели дека САД и другите западни земји сакаат да ја свртат Русија против Европа. Кажа дека Американците имаат корист од руската војна со Европа бидејќи се далеку. Русија на 24 февруари ја почна војната во Украина. Украинскиот претседател Володимир Зеленски разреши многу кадри. Поранешната државна обвинителка на Украина, Ирина Венедиктова, вели дека го прифаќа разрешувањето, но истакнува дека во нејзината служба немало колаборационисти.
