Популарноста на Меркел повторно оди нагоре
Откако минатиот месец, германската канцеларка, Ангела Меркел имаше најнизок степен на популарност за пет години, според најновото истражување на јавното мислење таа повторно ги освојува симпатиите на сонародниците.
Во моментов околу 54% од Германците се задоволни од неа, или за 9 проценти поени повеќе отколку во септември. Ова го покажуваат резултатите од анкетата на ARD-DeutschlandTrend спроведена од вторник до среда оваа недела.
Минатиот месец тој удел беше 45% - најниско за пет години. Баварскиот премиер Хорст Зеехофер, кој тогаш беше само со 1 поен зад канцеларката, сега губи 7 процентни поени.
Најмногу на Германците им се допадна политичарот, односно министерот за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер. 75% од анкетираните ја одобруваат неговата работа и тоа е раст од 2 проценти поени во однос на септември. Него го следи министерот за финансии, Волфганг Шојбле со 63% (минус 2 процентни поени).
