Економија, финансии, бизнис

Контакт

Популарноста на Доналд Трамп продолжува да опаѓа

Популарноста на Доналд Трамп продолжува да опаѓа

Американското јавно мислење се чини дека го казнува претседателот на САД, Доналд Трамп за серијата спорни декрети, издадени во текот на првите 15 дена по неговата инаугурација. 

Популарноста на претседателот Трамп е пониска од онаа на сите претходни претседатели во овој период од нивното управување, покажуваат анкетите кои се објавени вчера. 

Истражување на телевизијата CBS покажува дека има поддршка од само 40%. Анкетите на CNN и институтот Gallup се  малку подобри, и му даваат поддршка од 44 и 43%. 

Трамп има добар рејтинг од анкетата на конзервативниот институт Rasmussen, според кој 54% од Американците го поддржуваат претседателот. 

Според CNN над 50% од Американците се противат на политиката на Трамп во клучните области како што се тероризмот, имиграцијата и надворешната политика. Шест од 10 се против неговиот план за изградба на ѕид долж границата со Мексико, за да запре миграцијата, а 53% не го одобруваат указот со кој се забранува влез на граѓани од муслимански земји.

Слично

Поврзани вести