Популарноста на Ангела Меркел oпаѓа
На почетокот на април рејтингот на германската канцеларка, Ангела Меркел бил значително повисок.
Популарноста на Меркел меѓу граѓаните oпадна значително, откако во петокот владата во Берлин најави одлука дека ќе дозволи гонење на телевизискиот презентер, Јан Баомерман.
Според резултатите од анкетата едвај 45% од учесниците кажале дека се чувствуваат задоволни од работата на канцеларката.
На почетокот на април рејтингот на Меркел бил значително повисок, достигнувајќи до 56%.
Според социолозите причина за остриот пад на угледот на германската канцеларка е токму случајот "Баомерман", кој провоцира засилени не само општествени, туку и политички дебати.
Според истражувањето објавено вчера само 22% од Германците ја сметаат за правилна одлуката на Меркел.
