Поплавите во Турција однесоа жртви
Најмалку две жртви има во поплавите во Турција.
Тие загинаа во црноморскиот дел на Турција, јави новинската агенција Анадолија. Обилните дождови ја зафатија провинцијата Риза, како и другите области, а надојдените води и свлечиштата предизвикаа голема материјална штета. Улиците во градот изгледаат како река. Поплавени се многу станбени и деловни згради, а под вода е и земјоделско земјиште. Деновиве поплави има во Европа, но и во Кина.
Слично
