Поплавите во Пакистан однесоа над 1.320 жртви, државата пренасочи езеро за да ги спаси луѓето
Пакистан го пренасочи најголемото слатководно езеро во земјата, и тоа е акција во која ќе бидат преселени до 100.000 луѓе од нивните домови. Оваа акција може да ги спаси погусто населените области од надојдените води.
Повеќе од 1.320 луѓе загинаа во големи поплави во Пакистан, објави Управата за управување со природни катастрофи. Од пакистанската управа велат дека покрај билансот на загинати, повеќе од 1.200 други се повредени во поплавите што зафатија околу 33 милиони жители. Обединетите нации(ОН) предупредија дека хуманитарната ситуација низ целата земја, од која една третина е под вода, се влошува.
Монсунските дождови и претходно предизвикуваа разорни поплави.
фото AFP
Слично
