ПОПЛАВИТЕ ВО БРАЗИЛ ОДНЕСОА 18 ЖИВОТИ: Меѓу настраданите и седум деца (ВИДЕО)
Според властите во Сао Паоло, повредени сѐ уште девет лица, а пет се водат како исчезнати
18 лица најмалку ги загубиле животите, меѓу кои седум деца, во лизгање на земјиштето и поплавите предизвикани од обилните дождови во бразилската држава Сао Паоло.
Според властите во Сао Паоло, повредени сѐ уште девет лица, а пет се водат како исчезнати.
Околу 500 семејства останаа без покрив над главата по катастрофите што го погодија Бразил во текот на викендот.
Гувернерот на Сао Паоло, Жоао Дорија, одобри 15 милиони реали (околу 2,8 милиони американски долари) за итна помош за загрозените градови.
Најтешко погодените општини околу Сао Паоло се Аруха, Франциско Морато, Ембу дас Артес и Франко да Рока.
Невремето предизвика големи штети и на северот на земјата во Варзеа Паулиста, Кампо Лимпо Паулиста, Јау, Каивари, Монтемор и Рафард.
Обилните дождови предизвикаа смртоносни поплави во североисточниот дел на Бразил од декември, заканувајќи се да ја одложат жетвата на средниот запад и накратко да ги запрат рударските операции во државата Минас Жераис.
ФОТО: Принтскрин Твитер
