ПОПЛАВИТЕ „ПРОГОЛТАА“ ДРЕВЕН ГРАД: Делови од Пакистан сега личат на море
Поплавите во Пакистан ги уништиле 5.000 години старите остатоци од мистериозен древен град. Откриени се во 1922 година, а исчезнувањето на тамошната цивилизација која постоела во исто време со древните Египет и Месопотамија, сѐ уште е неразјаснета мистерија.
Остатоците на Мохенџо-Даро, или Ридот на мртвите, кои се наоѓаат во јужната пакистанска покраина Синд, близу реката Инд и се дел од светското културно наследство на УНЕСКО. Водите на Инд опустошија веќе големи делови од Пакистан, при што загинаа 1.343 луѓе.
„Делови од Пакистан изгледаат „како море“, изјави денеска премиерот Шехбаз Шариф.

Има и 18 нови жртви. Третина од Пакистан е под вода. Пакистанските власти бараа помош од странски земји. Инаку, и претходните години имало поплави кои однеле жртви, но сега е многу критично.
