Поплавите однесоа пет животи на Филипините
Најмалку пет лица настрадаа, а како што е соопштено денеска 90.000 луѓе се евакуирани поради поплавите кои ги предизвикаа дождовите на Филипините.
Филипините се наоѓаат по налет на тропската олуја Fung-Vong, а властите соопштиле дека само од престолнината Манил евакуирале 37.000 луѓе, пренесува АП.
Филипинскиот црвен крст вчера соопшти дека еден човек се удавил во Калкун Сити, Канцеларијата за цивилна одбрана наведе дека двегодишно девјоче насрадало во Кезон Сити, додеја претставници од провинцијата Риза соопштиле дека на тоа подрачје е пронајдено тело на една 68-годишна жена.
Во поедини подрачја водата ги преплавила првите катови на куќите и згрдаите, па луѓето бараат спас на повисоките катови и кровови.
Поради дождот се откажани над десетици летови на аерпдромот во Манил, а и сообраќајот во престолнината тешко се одвива.
