Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поплавите и земјотресите тежок товар за буџетите на државите

Поплавите и земјотресите тежок товар за буџетите на државите
Околу 130 милијарди долари е сметката од природните катастрофи која светската економија мораше да ја плати, соопшти швајцарската осигурителна компанија „Свис ре“. Од таа сума осигурителните компании ќе покријат штета во висина од 44 милијарди долари, што е значително помалку од 81 милијарда долари, колку што куќата исплатила во минатата година кога супербурата „Сенди“ го зафати крајбрежјето на САД, се наведува во соопштението, пренесе „Франс прес“. Поплавите кои што летово ги погодија Германија, Чешка и соседните држави направија штета од 18 милијарди долари. Според наводите на „Свис ре“ голема економска штета предизвикаа и обилните дождови во Австралија, Индија, Кина, Индонезија, Јожноафриканската Република и Аргентина. Што се однесува до човечките загуби, минатомесечниот тајфун Хаијан, кој што ги опустоши Филипините беше најсмртоносната природна катастрофа, бидејќи однесе повеќе од 7.000 животи.
Слично

Поврзани вести