Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поплави во Палермо - еден човек се удави

Поплави во Палермо - еден човек се удави

Поплави ја зафатија Италија при што едно лице загина. 

67-годишен човек се удави во поплавите во Палермо, Сицилија, откако водата го повлекла неговиот автомобил. 

Трите лица кои патувале со него ги спасиле противпожарните екипи на терен.

Метеоролозите во јужниот дел на Италија прогласија црвен степен на тревога поради засилените бури, ветриштата и високите бранови. Властите апелираа до граѓаните да не излегуваат од дома ако не им е неопходно. Училиштата се затворени во неколку подрачја. Реките се излеани од коритата, а сообраќајот е во прекин поради лизгање на земјиштето.

Во последниве две седмици,  земјата се соочува со неповолни временски услови, но и со земјотреси. Спасувачките екипи извлекоа уште едно лице од хотелот кој беше затрупан од лавина откако беше регистриран потрес од 5,7 рихтери во Абруцо. 11 лица, меѓу кои и 4 деца, ја преживеале природната катастрофа. Засега е потврдена смртта на 7 лица, а 22 лица се водат за исчезнати.

Лавината со тежина од 120.000 тони го затрупа хотелот со брзина од 100 км на час.


Слично

Поврзани вести