Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОПЛАВИ ВО ЕВРОПА: Унгарија се подготвува за голем налет на Дунав

ПОПЛАВИ ВО ЕВРОПА:  Унгарија се подготвува за голем налет на Дунав

Поплавени се делови од Европа, критично е во 4 држави, а Унгарија се подготвува за голем налет на Дунав.

Обилни дождови погодија делови од Германија и Италија, поради што на жителите на загрозените области им е препорачано да ги напуштат своите домови, а некои се водат како исчезнати. Бројот на жртви секојдневно расте, поплавите сега пристигнуваат во Австрија и Унгарија, поради нивото на реката Дунав кое расте. На удар на невремето е и Словенија, каде е организирана евакуација поради лизгање на земјиштето. 

За делови од јужна Германија и понатаму е на сила предупредување за поплави, иако повеќе региони со денови се под вода. Постои голема опасност за два големи региони на Германија.

Во Аугсбург во Баварија е прогласена вонредна состојба поради големите врнежи и порастот на нивото на водата.

Регионот на Боденското Езеро е под ризик од поплави. Околу 1.300 луѓе во Баден-Виртемберг добиле предупредување за евакуација. Деновиве водостојот на Дунав во Германија беше 10 метри. 

foto EPA

Слично

Поврзани вести