Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поплави однесоа стотина животи, во домовите на луѓето се кријат тигри

Поплави однесоа стотина животи, во домовите на луѓето се кријат тигри

Тигри се кријат во куќите на луѓето бегајќи од монсуните.

Еден возрасен тигар денеска е пронајден како спие во куќа која се наоѓала во близина на животински резерват.

Реката Џамуна во Бангладеш, синоќа се излеа од коритото и поплави најмалку 40 села во северниот дел на земјата, поради што се раселени повеќе од 200.000 луѓе, а во соседна Индија поради монсунските дождови домовите ги напуштиле околу шест милиони луѓе.

Во две индиски држави Бихар и Асам во поплавите загинале 97 лица.

Се наведува дека во овие индиски држави обилните дождови и поплавите траат од минатата недела, поради што дури и дивите животни бараат засолниште во домовите на луѓето.

Властите се плашат дека ловокрадците би можеле да се обидат да ја искористат ситуацијата и за време на поплавите да почнат да ловат заштитени животни како што е еднорогиот носорог, вид од кој има само уште 3.500 примероци во целиот свет.

Фото: EPA-EFE/STR

Слично

Поврзани вести