Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОПЛАВИ: Невреме корнеше дрвја, луѓето се евакуираат

ПОПЛАВИ: Невреме корнеше дрвја, луѓето се евакуираат

Поплави има на југот на Франција поради што 1.600 луѓе мораа да бидат евакуирани, меѓу кои и многу туристи-кампери, објавија денеска властите.

Во шест департмани е издадена узбуна.

Исчезнат е 70-годишен Германец кој нагледувал деца во летен камп.

До поплавите дојде во период кога јужна Франција како и во поголем дел на Европа се зафатени со високи температури. 

Во еден летен камп во Сент Жулиен де Певролас се евкуирани 119 деца, а Германецот кој ги надгледувал исчезнал. Агенцијата АФП наведува дека бегајќи од поплавите влегол во автомобил, кој потоа надојдената вода го однела со себе.

Најпогодени области се Гуард, Ардеш, и Дром, каде напомош пристигнале 400 пожарникари и полицајци, како и четири хеликоптери. Неколку лица со полесни повреди се префрлени во болница.

Невремето ја зафати и западна и северна Германија, каде силниот ветер корнел дрва и го запрел сообраќајот. Аеродромот во Франкфурт бил затворен извесен период заради ветрот кој дувал со брзина од 140 километри на час.

Слично

Поврзани вести