Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОПЛАВИ И ВО РОМАНИЈА: Еден човек загина

ПОПЛАВИ И ВО РОМАНИЈА: Еден човек загина

Уште една земја се бори со поплави. Еден човек загина во поплавите кои ја зафатија Романија. 

Обилните дождови во последните 24 часа предизвикаа поплави во 12 области и однесоа една жртва на северо-истокот на земјата. Телото на удавен човек е извадено од реката кај селото Хандрешти, во областа Иаси.  Поплавите ги зафатија областите Алба, Брашов, Караш-Северин, Дамбовица, Доj, Хунедоара, Јаси, Марамурес, Мурес, Неамт, Прахова и Темис, пренесува Танјуг. Електричната мрежа е оштетена во 22 области. Патиштата низ целата земја се оштетени од поплавите и паднатите дрвја.

Поплави имаше во Германија, Белгија, Украина. Освен огромни штети, имаше и многу жртви. 

Слично

Поврзани вести