Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОПЛАВИ И ВО БУДИМПEШТА: Дунав се излеа од коритото

ПОПЛАВИ И ВО БУДИМПEШТА: Дунав се излеа од коритото

Реката Дунав се излеа од коритото и почна да ги поплавува насипите во центарот на унгарската престолнина Будимпешта. 

Во текот на денот нивото на водата во главниот град на Унгарија порасна за повеќе од еден метар. Насипите во повеќето делови на градот се веќе поплавени, а водата го покрива насипот на долниот кеј во Пешта пред зградата на унгарскиот Парламент, пренесе Индекс. хр.

Затворени се многу метро станици, променети се автобуските и трамвајските линии.  Во многу делови на Унгарија има затворени патишта. Кишороси, село на островот Сант’Андреа во округот Пешта, целосно е отсечено од надворешниот свет поради водата, а критична е и ситуацијата и во Вача.

Од безбедносни причини, повеќе од 150 населени места покрај Дунав останаа без струја.  

Покрај Унгарија, поплави има и во Полска, Чешка, Австрија, Словачка и Романија. 

Бурата Борис направи штети и во Италија. Во Европа загинаа 23 луѓе во поплавите. 

foto EPA

Слично

Поврзани вести