ПОПЛАВИ И ЛИЗГАЊЕ НА ЗЕМЈИШТЕТО: Затрупани 100 куќи, има жртви во Непал и Индија
Moнсунските дождови носат жртви. Во Непал и Индија 48 лица загинаа во монсунските дождови и лизгање на земјиштето, објавија денеска властите на двете земји.
Во западен Непал, 22 луѓе загинаа во лизгање на земјиштето кое затрупа околу 100 куќи, соопшти локалната полиција, а 11 се повредени.
Во соседна Индија 26 лица загинаа во монсунските дождови кои паѓаат од петокот. Меѓу жртвите има и девет работници затрупани од уривањето на градежен ѕид во градот Лакнау во индиската држава Утар Прадеш.
Сезоната на монсуните, која трае од јуни до септември, е важна за наводнување на посевите, но, во таа сезона голем број луѓе гинат во поплави и бури.
Неодамна и во Пакистан имаше голем број жртви поради поплавите. Загинаа над 1.300 луѓе, а третина од земјата беше под вода.
Слично
