ПООПАСНИ И ОД ИСИС: Oва е најмоќната терористичка организација во светот
Податоците на Глобалниот индекс на тероризам покажува дека сепак ИСИС не е најсмртоносната терористичка организација на светот.
На првото место според бројот на жртви стои терористичката организација Боко Харем. Оваа организација убила повеќе луѓе во терористички напади само во Нигерија отколку ИСИС во пет земји.
Само во 2014 година, нејзините приврзаници биле убиени 6.644 луѓе во различни напади ширум Нигерија, Чад и Камерун.
Во мај минатата година Боко Харам усмртиле 315 луѓе на пазар со експлозив и огнено оружје. Тоа беше третиот најголем терористички напад во 2014 година.
Само неколку дена после нападот на Исламската држава на Париз, две експлозии на Боко Харем ја потресоа Нигерија каде загинаа најмалку 50 луѓе и уште 130 се повредени.
Статистиката покажува дека бројот на жртви од нападите од Боко Харем се зголемува за 300 луѓе секоја година. До сега, оваа терористичката организација Боко Харам досега убила повеќе од 17.000 луѓе, пренесува „Вокатив“.
Сепак, ова не значи дека ИСИС е помалку опасна за светот. Нејзината предност е големата финансиска поддршка од приврзаници од повеќе од 40 земји и се поголемиот број нејзини приврзаници. Исламската Држава во моментов делува на глобално ниво и станува се поопасна.
