Економија, финансии, бизнис

Контакт

Понудата на „Аџос ГМБХ“ избрана како најдобра за откуп на ПТК

Понудата на „Аџос ГМБХ“ избрана како најдобра за откуп на ПТК

Комисијата за оценување на понудите за приватизација на косовскиот пост телеком, ПТК за најдобар понудувач на тендерот ја прогласи Компанијата „Аџос“, која е дел од конзорциумот „Најафи Компанис”.

- Компанијата „Аџос”, која е дел од конзорциумот „Најафи Компанис” за 75 отсто од акциите понуди 277 милиони евра, додека компанијата „М1 Интернатионал”, 150 милиони и десет илјади евра. Победничката понуда ќе ја доставуваме до владата која треба да го даде последниот збор, изјавија од Комисијата за порталот Индексонлајн, јави допосникот на МИА.

„Аџос Капитал Партнерс" е акционерско инвестициско друштво на меѓународни инвеститори на технологија и телеком со седиште во Хамбург, Германија. „Најафи Компанис ЛЛЦ" е меѓународна приватна фирма на инвестиции со седиште во Аризона, САД. Таа има инвестиции во секторот медиуми,технологија, енергетика, индустрија и недвижен имот во САД, Европа и други земји во светот, наведува Индексонлајн.

Околу начинот на продажба на Пост телеком остро реагирал првиот косовски парламентарец, Јакуп Красниќи. Тој смета дека целиот процес бил полн со нерегуларности , од почетокот до отворањето на понудите, вклучувајќи ја и цената.

- Истражните органи во иднина имаат работа за да верификуваат како е направена оваа приватизација, изјави Красниќи. Истрага околу начинот на приватизацијата на ПТК побара и Движењето „Самоопределување“.

Слично

Поврзани вести