Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОНУДА ЗА СЕМЕЈНИ ЛУЃЕ: Италијанско гратче две години ќе ги субвенционира со кирија

ПОНУДА ЗА СЕМЕЈНИ ЛУЃЕ: Италијанско гратче две години ќе ги субвенционира со кирија

Теора во Италија нуди пари за кирија во период од две години на новите жители кои ќе се доселат.

Тие  ќе добиваат 150 евра месечно за да покријат дел од станарината. Градот нуди и еднократна помош од 5.000 евра за купување имот. Градот сака да привлече семејни луѓе, и може да се пријават само оние што имаат барем едно дете. Новите жители се обврзуваат да живеат во градот барем три години.

Градоначалникот Стефано Фарина, за Си-ен-ен травел изјави дека запишувањето на децата во локалните училишта внесува нов живот. 

Во ова гратче сега се раѓаат само по две деца годишно. 

Градот има околу 1.500 жители. Во 1980 година имало силен земјотрес, кој уништил многу градби. 

Неколку градови во земјата за да привлечат нови жители, нудат куќи по едно евро. 

фото Википедија

Слично

Поврзани вести