Понуда на годината – „Алибаба“ излезе на берза
Кинескиот интернет гигант „Алибаба“ денеска излегува на берзата на Волстрит. Ова претставува најголем и најзначаен излез на една технолошка компанија на берзата на сите времиња. Досега овој примат го држеше Фејсбук.
Социјалната мрежа тогаш доби 16 милијарди долари. Сега Алибаба со јавна понуда на своите акции сака да генерира 4 милијарди долари повеќе.
Оној што купува акции на Алибаба, не добива удел во концернот, туку добива сопственост врз „филијала“ на Кајмански острови, во која се влеваат само добивките на Алибаба. Со тоа се настојува да се избегнат кинеските закони, според кои странци не можат да поседуваат актива во една кинеска фирма.
Огромен интерес кај инвеститорите предизвикуваат одличните резултати на Алибаба. Компанијата годишно реализира обрт од неверојатни 300 милијарди долари, од кои 80% преку интернет-трговијата во Кина. Во 2020 година овој обрт, се проценува, ќе биде поголем од обртот на Велика Британија, Јапонија, Германија, Франција и САД заедно!
Алибаба има околу 800 милиони понуди на своите страници и 500 милиони корисници.
Слично
