Економија, финансии, бизнис

Контакт

Понта: До 2018 година Романија ќе обезбеди доволно гас за државата

Понта: До 2018 година Романија ќе обезбеди доволно гас за државата

До 2018 година Романија ќе произведува доволно природен гас со што ќе овозможи задоволување на потребите во државата и на Молдавија, изјави денеска романскиот премиер Виктор Понта.

Тој заедно со молдавскиот колега Гинтер Јотингер присуствуваа на отпочнување на работи на гасовод што ќе ги поврзе двете држави.

Гасоводот ќе биде меѓу градовите Јаш во Романија и Унгени во Молдавија. ЕК обезбеди седум од вкупно 28 милиони евра расходи за изградба на гасоводот кој ќе биде со должина од 43 км. од кои 32 км во Романија. Максималниот капацитет ќе биде 1,5 милијарди кубни метри гас годишно што е повеќе од годишните потреби на Молдавија.

Слично

Поврзани вести