Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поништено блокирањето на имотите на седум ирански банки и компании

Поништено блокирањето на имотите на седум ирански банки и компании
Европската унија треба да ги одмрзне имотите на седум ирански банки и компании кои се најдоа под ударот на меѓународните санкции поради контроверзната иранска нуклеарна програма, пресуди денеска Европскиот суд на правдата (ECJ). Во образложението на својата одлука, судот порачува дека не постојат доволно докази, дека посочените компании на кој и да е начин учествувале во развојот на нуклеарната програма, за којашто Западот смета дека има цел изработка на нуклеарно оружје. Поради иранското одбивање да ја прекине оваа програма, земјата беше изложена на повеќекратни меѓународни санкции, коишто вклучуваат и блокада на имотите и забрана за тргување со компании и банки од оваа земја. Cтанува збор за „Post Bank Iran", „Iran Insurance Company", „Good Luck Shipping", „Export Development Bank of Iran", „Persia International Bank", „Iranian Offshore Engineering and Construction Co." и „Bank Refah Kargaran". Европската унија и САД воведоа санкции против овие компании и банки за да го ограничат досегот на нуклеарната програма.  
Слично

Поврзани вести