Помош за Украина, од САД веднаш, од Русија по формирањето Влада
Русија ќе и ја даде следната транша финасиска помош на Украина, откако земјата ќе формира нова влада, додека САД се подготвени да и помогнат на украинската економија, изјавија министрите за финансии на двете земји во Сиднеј, каде се одржува самитот на Г-20.
- Навистина во изминатите две недели размислувавме за купување на украински еврообврзници за две милијарди долари, но бидејќи политичката ситуација многу се смени, треба да сфатиме со која влада треба да соработуваме, затоа планираме да почекаме да биде формирана нова влада и да ја видиме нејзината политика, изјави рускиот министер за финансии Антон Силуанов.
Тој истакна дека Украина ќе се соочи со плаќање на големите долгови, меѓу кои и долгот кон Меѓународниот монетарен фонд.
Од другастрана американскиот секретар за финансии Џејкоб Лу наведе дека САД се подготвени, заедно со другите земји, вклучително и Русија да и помогнат на Украина во реализацијата на реформите поради обновување на економската стабилност .
Помош за украина најави и директорката на ММФ .
- Украина е членка на Меѓународниот монетарен фонд. Доколку се обрати за помош, економска или финансиска, подготвени сме да и пружиме, изјави директорката на ММФ Кристин Лагард.
Вчера во Украинскиот Парламент со 328 гласови „за“ од вкупно 447 пратеници изгласа отповикување на претседателот Виктор Јанукович и распиша парламентарни избори на 25 мај. Поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко, најави дека ќе се кандидра на престојните претседателските избори.
