Економија, финансии, бизнис

Контакт

Помош од 192 милиони долари на сириските цивили

Помош од 192 милиони долари на сириските цивили

Невладините хуманитарни организации денеска во Кувајт ветија 192 милиони долари помош на сириските цивили погодени од граѓанската војна.

Домаќин на меѓународниот собир на невладини организации беше Меѓународната исламска хуманитарна организација на Кувајт.

Околу 77 локални, регионални и светски невладини хуманитарни организации учествуваа на тој еднодневен собир.

Во Кувајт утре ќе биде отворена Меѓународна хуманитарна конференција, под покровителство на ОН, со цел да се соберат 1,5 милијарди долари помош за околу пет милиони Сиријци погодени од 22-месечниот конфликт во земјата.

Слично

Поврзани вести