ПОМИНАА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ НА ОРБАН - Унгарија ќе признава само два пола, машки и женски, еве кои се другите претходни ограничувања
Уставен амандман со кој ќе се признаваат само два пола, машки и женски, и со кој се ограничува правото на ЛГБТК+. Ова денеска го изгласаа унгарските пратеници, со големо мнозинство гласови.
А, ова меѓу другото, може да значи и дека по 30 години може да биде забранет Маршот на гордоста во Будимпешта.
Членови и симпатизери на опозициската партија Моментум се обидоа да го попречат гласањето со блокирање на собранискиот паркинг и свирење за време на пленарната седница. Амандманот помина со 140 „за“ и 21 „против“.
Амандманот исто така го гарантира правото за користење готовина на унгарските граѓани и дозволува суспензија на државјанството и протерување од земјата на Унгарците кои истовремено се државјани на земја надвор од ЕУ, доколку се смета дека тие личности претставуваат закана за јавниот ред и националната безбедност на земјата.
