ПОМФРИТОТ ИМ СТАНА ЛУКСУЗ, А СЕ ЕДНА ОД СВЕТСКИТЕ СИЛИ - порција со сос ги чини 460 денари, ИНФЛАЦИЈАТА ГИ РАЗОРУВА
Инфлацијата го погоди целиот свет, вклучително и Велика Британија.
Граѓаните се револтирани од превисоките цени на храната, особено оние кои се навикнати во петок да се „почестуваат“ со пржени компири со разни сосови.
Таквото јадење сега стана луксуз, изгледа. Имено, како што пишува Мирор, еден маж останал во шок кога го нарачал својот омилен помфрит со сирење и сос од кари, а потоа ја видел цената - 6,40 фунти или околу 880 динари, или околу 460 денари.
- Цената за додавање сирење во мојот омилен помфрит. Обичен помфрит со сирење и сос од кари ме чинеше 6,40 фунти - напиша Британец на Редит, а неговата објава предизвика лавина коментари.
"Овој ресторан не е во неволја, толку наплаќаат затоа што можат. Признајте, храната им е одлична. Но сепак е прескапа", е еден од коментарите.
