Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОМАЛКУ ОД 1.000 АКТИВНИ СЛУЧАИ И ПОД 100 ТЕШКО БОЛНИ ПАЦИЕНТИ: Масовната вакцинација во Израел донесе вакви придобивки

ПОМАЛКУ ОД 1.000 АКТИВНИ СЛУЧАИ И ПОД 100 ТЕШКО БОЛНИ ПАЦИЕНТИ: Масовната вакцинација во Израел донесе вакви придобивки

За прв пат од март лани, кога избувна пандемијата, во Израел сега има вкупно 985. Според порадотицте од израелското Министерство за здравство, во последните 24 часа таму биле регистрирани само 17 новозаразени со Ковид-19, што е само 0,2 отсто позитивни тестови од направените 11.500.

-Помалку од 1.000 се активните случаи на зарзени со Ковид-19 во Израел, нешто што се случува првпат од март минатата година. Во пикот на епидемијата имаше и по повеќе од 70.000 заразени, напиша денеска израелскиот министер за здравство Јули Еделштајн на Твитер.

Потенцира и дека во изминатата недела бројот на тешко болните од Ковид-19 во Израел бил под 100 и според него, тоа се должи на успехот на кампањата за вакцинација во државата. Досега над 5,4 милиони луѓе или речиси 60 отсто од населението во Израел ја примиле првата доза од вакцината на Фајзер/БионТек, додека околу 5,1 милиони се целосно вакцинирани. Вкупниот број на население во Израел е 9,3 милиони, 


Слично

Поврзани вести