Помагал на жртви на терористички напад, но и крадел од нив
Бездомникот Крис Паркер(33) кој украде чанта и мобилен телефон од жртвите за време на терористичкиот напад во Манчестер ја призна вината.
Тој првично беше прогласен за херој затоа што јавноста сметаше дека утешил тешко повредена девојка, но призна дека шетал помеѓу жртвите во потрага по предмети што би можел да ги украде.
Камерите го снимиле Паркер како поминува помеѓу жртвите. Тој застанал до повредената Полина Хил, чијашто внука лежела во близина, по што ја земал нејзината чанта.
Неколку часа по крадењето на чантата, ја искористил платежната картичка во локален ресторан за брза храна, а картичката ја користел и во следните неколку дена.
Бездомникот веќе имал неколку пријави за кражба од 2.000 година. Пресудата ќе му биде соопштена на 30 јануари.
Во нападот во Манчестер на концерт на Адријана Гранде, загинаа 22 луѓе, а 59 беа повредени.
