Економија, финансии, бизнис

Контакт

Полските екстремисти „патролираат“ околу кампот со бегалци

Полските екстремисти „патролираат“ околу кампот со бегалци
Полските екстремисти од Народниот радикален блок, организираа доброволни патроли околу кампот со бегалци во градот Лоџ, на југот од земјата. Тоа го направија со образложение дека сакаат да ја заштитат Полска од евентуална агресија од бегалците, меѓу кои нема луѓе од Блискиот Исток или Африка. Фотографии од своите патроли во паравоени униформи објавија на Фејсбук. Овој центар за бегалци е отворен во 2010 година и азил во Полска чекаат 98 лица, од кои 60 се деца по националност Чечени, Руси и Украинци. Претходната полска либерална влада се обврза минатата есен дека ќе прими 7.000 бегалци од сегашниот бран за две години. Други партии во земјата сметаат дека треба да се направи контрола и да се провери кои се бегалците кои ќе бидат примени. Се спомнуваше дека предност ќе имаат стари, жени и деца, а Полска не е склона да прими мажи, туку Европа нив да ги врати во Сирија да си ја бранат татковината.
Слично

Поврзани вести