Полскиот претседател верува во еврото
Полскиот претседател Бронислав Коморовски е оптимист во врска со замената на злотата со еврото и верува дека привлечноста на европската валута ќе расте со текот на времето, пренесоа чешките медиуми по средбата со словачкиот претседател Иван Гашпарович.
Тој исто така додаде дека сака да земе пример од искуството на Словачка која еврото го воведе во 2009 година.
Полската Влада досега избегнува одредување датум за воведување на еврото поради стравувањата од должничката криза во еврозоната и јавното мислење.
Премиерот Доналд Туск неодамна иако не одреди прецизен датум, изјави дека Полска треба да биде технички подготвена да и се приклучи на еврозоната во 2016 година.
Некои високи владини функционери посакуваат побрзо воведување на европската валута, со цел најголемата источноевропска економија да обезбеди влијание при одлучувањето во еврозоната.
И политичкото раководство во Чешка нема дадено краен рок за воведување на еврото во земјата.
Шефот на државата Вацлав Клаус, познат евроскептик, чија функција изминува на 7 март се залагаше земјата да добие постојана отстапка од обврската за усвојување на еврото.
