Полскиот претседател ја назначи официјално Шидло за премиер
Полскиот претседател Анджеј Дуда ја назначи официјално Беата Шидло од десничарската партија „Право и правда“ за нов премиер.
Решението е само формалност од процесот на составување на новиот кабинет, кој беше прогласен пред неколку дена.
Евроскептичната партија освои парламентарно мнозинство по спроведените парламентарни избори минатиот месец . Во понеделникот партијата го објави составот на кабинетот.
Дуда, кој доаѓа од истата партија, официјално ја назначи Шидло за премиер на церемонијата во претседателската палата во Варшава. Агенциите забележуваат дека претседателот го бакнал новиот премиер на раката и три пати на образите.
Составот на кабинетот го одразува длабокиот идеолошки светоглед, кој е претежно проамерикански и сомнителен кон Русија.
Најмногу спорната кандидатура е на Антони Мацеревич како воен министер.
Мацеревич ја заземаше функцијата заменик-министер за одбрана од 2005 до 2007 година, кога партијата беше на власт. Тој е поврзан со откривање на имињата на поранешни комунистички агенти од военото разузнавање.
Критичарите сметаат дека тоа ги ослабело службите за безбедност на Полска.
Тој е поврзуван уште со теоријата дека авионската несреќа во 2010 година, во која загина претседателот на државата Лех Качински и голем број официјални лица не е инцидент. Тој смета дека била поставена бомба на авионот. Мацеревич ја раководи парламентарна комисија, обидувајќи се да ја докаже теоријата дека е извршено убиство. Официјално Русија и Полска тврдат дека е инцидент.
Друга контроверзна номинација е оваа на Мариуш Камински - поранешен шеф на Централното биро за борба против корупцијата. Тој ќе биде координатор на специјалните служби и ќе ја следи работата на полицијата и разузнавачките служби. Камински беше осуден за злоупотреба на власта во 2007 година, кога на чело на масата тој доби тригодишна условна казна.
Многу од членовите на Владата ги окупираа позициите за време на владеењето на „Право и правда“ во периодот 2005-2007 година.
Во последните 8 години во Полска управуваше центристичката „Граѓанска платформа“.
