Економија, финансии, бизнис

Контакт

Полскиот премиер сака да го види Путин целосно отстранет од Кремљ

Полскиот премиер сака да го види Путин целосно отстранет од Кремљ

Сакам да го видам Путин надвор од Кремљ, вели полскиот премиер Матеуш Моравјецки. 

Тој денеска изјави дека би сакал да го види рускиот претседател Владимир Путин „целосно отстранет“ од Кремљ, јави ДПА. Полскиот премиер вели дека Путин претставува една „брутална власт“.

„Доколку Европа и слободниот свет ја загубат оваа битка, ја загубиме оваа војна, ние повеќе нема да бидеме безбедни, бидејќи секогаш ќе бидеме под закани и уценувани од Путин“, изјави Моравјеци за „Скај Њуз“. 

Во Полска расте стравот дека е можно по Украина, Русија и нив да ги нападне. 

Полскиот претседател Анджеј Дуда изјави дека неговите сонародници се плашат од можен руски напад.

Слично

Поврзани вести