Економија, финансии, бизнис

Контакт

Полскиот министер за одбрана: Нема ни американска моќ без НАТО

Полскиот министер за одбрана: Нема ни американска моќ без НАТО

Полскиот министер за одбрана, Владислав Косиниак-Камиш реагираше на изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, кој ја доведе во прашање американската посветеност на НАТО.

„Нема НАТО без САД, но исто така нема ни американска моќ без НАТО“, изјави Косиниак-Камиш, нагласувајќи дека силните врски со Вашингтон се клучни за безбедноста на Полска.

Трамп во интервју за британскиот медиум „The Telegraph“ го нарече НАТО „хартиен тигар“ и ги критикуваше европските сојузници за недоволно учество во конфликтите, особено на Блискиот Исток.

Тој посочи на одбивањето на дел од европските држави да испратат воени бродови за обезбедување на Ормутскиот теснец, како и ограничувањата за користење на регионалните бази.

Косиниак-Камиш предупреди дека светот се наоѓа во чувствителен период и дека намалувањето на тензиите е неопходно, но истовремено истакна дека Полска активно ја зајакнува својата одбрана.

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести