Полскиот и чешкиот банкарски сектор растат, словенечкиот со најлоши резултати
Cо негативен повратен капитал кој изнесува – 7,3 проценти, банкарскиот сектор во Словенија, во 2012 година, завршил со најлоши резултати во Средна и Источна Европа, покажува анализата на „moj-bankar.hr“.
Унгарија, која ги врати своите „долгови“ на ММФ, и која дел од трошоците во кризата, преку данок на актива, го префрли на банките, се уште има непрофитабилен банкарски сектор, но во споредба со Словенија може да се нарече „благ“.
Од друга страна, извозно ориентираната Чешка и снаодливата Полска која има силен „интерен сектор“ за повлекување на ЕУ фонодвите, растат и работат како да нема никаква криза. Повратниот на капитал на чешкиот банкарски сектор изнесувал 21,4 проценти.
Слично
