Полски свештеник осуден на седум години затвор поради педофилија
Судот во Полска во вторникот го прогласи за виновен римокатоличкиот свештеник за сексуално злоставување на малолетни деца и му одреди казна затвор во траење од седум години.
Судот во градот Врочлав му забранил на 44 годишниот свештеник да работи со млади лица до крајот на својот живот и му наложил да побара помош од психијатар.
Свештеникот бил идентификуван само како Павел К., согласно полските закони за приватност. Свештеникот бил уапсен во декември 2012 година во хотел во Врочлав каде се појавил со тинејџер, што предизвикало сомнеж кај хотелските работници.
Судијата Мецие Скорнијак рекол дека вината на Павел К. Е несомнена поради сведочењето на голем број жртви.
Фотографии од жртвите биле пронајдени и во неговиот компјутер.
Слично
