ПОЛСКИ МИНИСТЕР: Присуството на силите на НАТО во Украина не е незамисливо
Идејата на францускиот претседател Емануел Макрон да испрати трупи во Украина, некои земји ја отфрлаат, но за други е прифатлива.
Полскиот министер за надворешни работи, Радослав Сикорски не ја отфрла идејата на францускиот претседател Макрон за евентуално распоредување на НАТО сили во Украина.
„Присуството на силите на НАТО во Украина не е незамисливо“, напиша Сикорски синоќа на платформата Икс.
Холандија и балтичките земји соопштија дека идејата на Макрон треба да биде на маса. Инаку, се појавија информации во медиумите дека Макрон ќе прати војници во Украина ако руските сили напредуваат кон Киев или Одеса. Руската инвазија на Украина почна пред повеќе од 700 дена.
фото МИА
Слично
