Економија, финансии, бизнис

Контакт

Полски амбасадор: Русија граба територии и деца, ако Украина не се одбрани, Полска ќе мора да влезе во војната

Полски амбасадор: Русија граба територии и деца, ако Украина не се одбрани, Полска ќе мора да влезе во војната

Ако Украина не успее да се одбрани, Полска ќе мора да влезе во војната, вели Јан Емерик Рошцишевски, полскиот амбасадор во Франција. Ова го изјави во интервју за француската телевизија ЛЦИ дека би можело да дојде до ситуација во која Полска би морала да се вклучи во војната. 

„Не вршат НАТО, Полска или Словачка сè поголем притисок, туку Русија која изврши инвазија на Украина. Русија која граба територии. Русија која убива народ. И Русија која граба украински деца“, кажа тој.

Вели дека ако цивилизациските вредности бидат загрозени, Полска нема да има избор и ќе се вклучи во војната. Објасни дека сојузниците мораат да помогнат на Украина. 

„Со внимателно слушање на целиот разговор станува јасно дека нема најава за директно вклучување на Полска во конфликтот, само предупредување на последиците кои украинскиот пораз би можел да ги има: можност од руски напад или вмешување на повеќе европски земји – балтичките држави и Полска“, наведуваат од амбасадата. 

Амбасадата истакна дека Рошцишевски во своето интервју за ЛЦИ јасно дава до знаење дека Полска во моментов не е во војна, но „прави сè што може за да ѝ помогне на Украина и да се заштити“ во војната.

Полска донираше оружје, но и прими голем број бегалци од Украина. Има многу снимки на кои се гледа дека полски волонтери го ризикуваат својот живот за да спасат ранети украински војници. 

Рускиот претседател Владимир Путин за кого судот во Хаг издаде налог за апсење, деновиве се прошета на Крим, но и во Мариупол. Сепак, се појави снимка на која се слуша како жена довикува дека тоа е лага и шоу. 

foto EPA

Слично

Поврзани вести