Економија, финансии, бизнис

Контакт

Полска урна споменици на црвената армија

Полска урна споменици на црвената армија

Полска денеска урна четири споменици на војниците на Црвената армија, изјави директорот на државниот историски институт Карол Навроцки, наведувајќи дека тие претставуваат остатоци од системот кој е виновен за поробување и убивање на својот и на другите народи, вклучително и Полјаците.

„Ова се споменици на срамот, споменици на презирот на победникот кон жртвите“, рече Навроцки во Глубчице во јужна Полска, каде што беше урнат еден од спомениците. Тој додаде дека Советите не донеле ослободување на Полска, туку заробеништво, пренесува АП.

Во Глубчице беа уништени обелиси посветени на војниците на Црвената армија кои паднаа во битка со нацистичките трупи во 1945 година, а други споменици беа отстранети од Бичин, Боболица и Сташово.

Од отфрлањето на комунистичкото владеење во 1989 година, Полска активно работи на отстранување на јавните симболи на рускиот комунистички режим, а војната во Украина дополнително придонесе за забрзување на тој тренд.


Слично

Поврзани вести