Полска урива рекорди со бројот на починати од коронавирусот
Полска урива рекорди со бројот на починати од коронавирусот. Дневниот број на смртни случаи за време на четвртиот бран на пандемијата, се искачи на рекордни 669, објави денеска полското Министерство за здравство. Велат дека тоа се генерално невакцинирани луѓе.
За 24 часа се регистрирани 24.266 нови случаи на инфекција со коронавирусот, пренесува Ројтерс. Најголем дневен број на смртни случаи во Полска, 954, имаше во април годинава. Полска денеска усвои нови мерки за да спречи ширењето на инфекции со коронавирусот, дополнително ограничувајќи го бројот на луѓе присутни на некои јавни места, како ресторани, но и затворање на ноќни клубови. Oмикрон сојот досега е потврден во 77 држави. Неодамна екстремен број на заразени имаше во Словачка, иако земјата беше во карантин. Претходно, и Русија уриваше рекорди со бројот на смртни случаи на коронавирусот.
foto EPA
