Економија, финансии, бизнис

Контакт

Полска спушта уште една рампа за Русите, ова е новата одлука

Полска спушта уште една рампа за Русите, ова е новата одлука

Полска донесе уште една одлука која не е во корист на Русија. 

Полска нема да издава визи на руската делегација за состанокот на ОЕБС. 

Тој се одржува во нивниот град Лоѓ на 1 и 2 декември, јавува Ројтерс.

„Нема да им дадеме визи“, порача портпаролот на министерството за надворешни работи на Полска, Лукаш Јасина.

Полска во септември им се придружи на Естонија, Литванија и Летонија во формирањето блок кој го ограничува влезот на руски државјани во тие земји. Ограничувањето важи и за Русите кои имаат визи од Европската Унија(ЕУ), кои ги издале други шенгенски држави. 

Премиерот Матеуш Моравјецки  во Краков изјави дека падот и експлозијата на ракетата на украинската противвоздушна одбрана, во селото Пшеводов на истокот на Полска, судејќи по доказите на истрагата покажува дека заканата која Русија ја создала во Украина е закана и за Полска и нејзините граѓани. Полскиот претседател Анджеј Дуда  изјави дека падот на ракетата во Пшеводов во Полска, во близина на украинската граница, при што загинале две лица, веројатно е несреќен случај.

Слично

Поврзани вести