Полска со референдум ќе решава за еврото?
Премиерот на Полска Доналд Туск, размислува за изјаснување на граѓаните за непопуларното евро, бидејќи десно ориентираната опозиција со години нагласува дека ќе ги блокира измените во Уставот неопходни за премин кон европската валута.
Усвојувањето на еврото и понатаму е целта на Туск и на неговата центристичка влада, а премиерот изјави дека тоа прашање би можело да се реши со референдум затоа што во тој случај е „потребен помал број гласови за победа“, пренесе АФП.
Според условите на Полска во ЕУ 2004 година, оваа земја од 38 милиони жители е задолжена да го прифати еврото, но не ѝ е даден краен рок до кога да го направи тоа. Варшава вети дека ќе ѝ се придружи на еврозоната до 2015 година.
Министерот за финансии, Јачек Ростовски, изјави дека поддршката од јавноста за тој потег е пресудна, но сугерираше дека треба да се укине условот од 50% излезност на граѓаните на референдум.
Слично
