Полска се жали дека од ЕУ не добила пари за три милиони бегалци од Украина
Полска се жали дека од ЕУ не е добила никаква финансиска помош, за 3 милиони бегалци од Украина кои престојуваат на нејзина територија.
Полска е најголемиот снабдувач на тешко вооружување на Украина, а досега на фронтот во соседната земја беа испратени повеќе од 100 тенка, артилјериски оружија од голем калибар, муниција, дронови и ПВО системи. Воената помош што досега е обезбедена за Украина, Полска ја чинеше 1,7 милијарди долари.
„На армијата на Полска ѝ недостасува оружје, откако огромни количества беа испратени како помош на Украина, па земјата очекува арсеналот да се пополни од соработката со западните сојузници“, вели полскиот претседател Анжеј Дуда.
Украина од Западот добила само 10 отсто од оружјето кое го побарала. Сега пак бара оружје за да се одбрани од руската војска.
foto Jakub Szymczuk/KPRP
