Економија, финансии, бизнис

Контакт

Полска се лути на ЕУ, уште ги чекаат парите за закрепнување од пандемијата

Полска се лути на ЕУ, уште ги чекаат парите за закрепнување од пандемијата

Полска ќе ѝ возврати на ЕУ ако не им се исплатат парите за закрепнување од пандемијата. 

Ваква порака упатија владејачките полски политичари, откако Брисел сигнализираше дека не е задоволен со најновите правосудни реформи на Варшава.

Над 35 милијарди евра се ставени на чекање поради спорот меѓу Брисел и Варшава околу правосудните реформи, за што ЕУ тврди дека ги кршат демократските стандарди.

Во јули Европската комисија одобри средства за Полска, но, претседателката Урсула фон дер Лајен при посетата на земјата изјави дека треба да се работи уште на владеењето на правото.

Владејачката партија Право и правда објави оти целта на реформите на правосудството е да го направи системот поефикасен, негирајќи дека се меша во судовите од политички причини.

„Доколку има обид за блокирање на исплатата, а ЕК се обиде да ни изврши притисок, ќе немаме друг избор освен да го извлечеме целото оружје од нашиот арсенал и да одговориме со бараж“, за полско радио нагласи генералниот секретар на Право и правда, Кристоф Соболевски.

Тој не прецизираше на што мисли конкретно.

Слично

Поврзани вести