Полска сака нова визија за Европа
Француско-германскиот дует не е во состојба да постигне нешто ново за Европската унија, изјави полскиот премиер, Беата Шидло.
„Париз и Берлин сметаат дека интеграцијата во унијата треба да се зајакне. Ние сепак мислиме дека не може да продолжиме по тој пат"- рече Шидло во телевизиско интервју, цитирано од Франс прес.
Да, ЕУ мора да се промени, треба нов договор и ние ќе понудиме промени, додава тој.
„Имаме потреба од нови лица, од нова визија, од нов концепт"- истакна во интервјуто.
Ја поддржува тезата на лидерот на владејачката партија, „Право и праведност" Јарослав Качински, кој ја наметна идејата за нов договор на ЕУ.
Претходно министерот за надворешни работи, Витолд Вашчиковски повика и за персонални промени.
„Британски политичари ги објавија своите оставки поради Бреззит, а ние ги обвинуваме европските власти за грешките. Создадената ситуација треба да даде некое влијание и барем дел од европските политичари треба да си сносат последиците"- истакна Вашчиковски.
Инаку Франција и Германија размислуваат за нов модел на супер држава.
