Полска сака да воведе гранична контрола во текот на летото
Полска планира да воведе контрола на границите со другите земји од ЕУ од 4 јули до 2 август.
Претходно министерката за внатрешни работи Мариуш Блашак соопшти други датуми - од 2 до 31 јули, пренесе Ројтерс.
„Воведувањето на контролата е условено од одржувањето во земјата на големи настани. Во почетокот на јули ќе се одржи самитот на НАТО во Варшава, а на крајот на месецот во Краков ќе се одржи Светскиот ден на младите со учество на папата“, пишува во соопштението објавено на сајтот на полското МВР.
Контролата ќе се воведе на границите со Германија, Словачка, Чешка и Литванија, а исто така по пристаништата и аеродромите.
Целта на граничната контрола е „спречување на влегувањето на територијата на Полска на лица кои можат да го нарушат јавниот ред и да претставуваат закана за безбедноста“.
